Мукаетов: Овие момци се пример како треба да се бориме за Македонија

Репрезентацијата на Македонија денеска славеше победа над Катар во вториот натпревар од втората фаза на Мундијалот, а со овој триумф и си ги зголемивме шансите за добар пласман.

По натпреварот изјава даде и првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.

„Апсолутно сум задоволен и со двете нерешени ги имаме. Но најзадоволен сум од пристапот и желбата за победа која ја имаа момците. Тие се вистински пример како треба да се бориме за Македонија“, порача Мукаетов.

За жал во втората фаза Македонија играше пред помал број свои навивачи.

Штета што да правиме, сплет на многу околности, тоа што беше до сите нас го направивме да го држиме фокусот до крај за добар резултат. Верувам оваа репрезентација може многу да пружи во наредниот период. Во изминатите години добивавме критики, но сега покажавме дека имаме квалитет и оваа селекција и во иднина ќе ја радува Македонија“, изјави Мукаетов. 

Македонија последниот натпревар од оваа фаза го игра в сабота против Франција од 20:30 часот.