Челси во офанзива по Гарначо, се подготвува и официјална понуда!

Челси и Манчестер јунајтед почнале директни разговори за евентуален трансфер на Алехандро Гарначо на Стемфорд Бриџ.

Челси и Јунајтед ги направиле првичните разговори, а наскоро сините ќе испратат и официјална понуда.

Манчестер јунајтед инсистира на сума од 70 милиони евра која се верува дека ќе биде висока за Челси, па за да се реализира трансферот би требало двата клуба да се најдат некаде на средина.

Во преговори за Гарначо беше и Наполи, но тие се откажаа и вниманието го насочија кон Адејеми од Борусија Дортмунд.