Анадолу Ефес безмилосен против Олимпија: Димитријевиќ и другарите замрзнаа на -44

Италијанскиот шампион Олимпија Милано доживеа тешка катастрофа откако вечерва загуби од Анадолу Ефес во Истанбул со 66-110.

Тимот на Еторе Месина драстично ослабен замина во Турција, без неколку повредени играчи, меѓу кои и Никола Миротиќ, но и покрај тоа никој не очекуваше ваков дебакл. Дека натпреварот ќе помине во знакот на Ефес можеше да се предвиди уште во првата четвртина која домашниот тим ја доби со 24-9 за на полувреме да замина со 25 поени предност (56-31). И во продолжение Ефес не застана, безмилосно го газеше противникот до финалните +44.

По неколкунеделната пауза, во тимот на Олимпија Милано се врати македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој одигра 16 минути и за тоа време постигна четири поени, три асистенции и еден скок.