Франција ја потопи Холандија, Македонија се качи на второто место!

Франција со убедливи 35-28 ја совлада Холандија, а тоа значи дека македонската репрезентација во моментов се качи на второто место на табелата во нашата група.

Французите работата ја решија во првото полувреме кое го добија со 19-13. Во вториот дел само ја одржуваа предноста за да стигнат до конечни 35-28.

Ваквиот резултат ја качува Македонија на втората позиција со ист број бодови како и Холандија, но ние имаме подобра гол разлика. 

Македонија ќе преспие на втората позиција само доколку вечерашниот меч меѓу Унгарија и Австрија заврши нерешено.

Ние во последното коло во сабота од 20:30 часот играме токму против Франција која е убедливо најдобра во нашата група.