Спектакл на Олд Трафорд: Бруно Фернандес го однесе Јунајтед на чекор од нокаут фазата (ВИДЕО)
Со тоа, „црвените ѓаволи“ речиси го обезбедија пласманот во нокаут фазата од натпреварувањето на УЕФА бидејќи се искачија на четвртото место со 15 бода и во последното коло им е доволно барем реми на гости кај Стеауа за пласман во топ-8. Натпреварот на Олд Трафорд го одбележа спектакуларниот финиш во кој беа постигнати два од трите гола.
Јунајтед поведе по киксот на голманот Батланд во 52. минута кој сам ја смести топката во својата мрежа и се чинеше дека со резултатот 1-0 ќе заврши овој меч. Драмата почна во 88. минута кога Таверние упати неверојатно додавања кон Десерс, а овој на феноменален начин ја затресе мрежата на домашниот тим. Четири минути подоцна на сличен начин возврати Бруно Фернандес, Лисандро Мартинез нафрли пред голот, а таму Португалецот буквално ја заби топката во мрежата.
Место во осминафиналето од Лигата Европа вечерва обезбедија Лацио кој на домашен терен го совлада Сосиедад со 3-1 и застана на чело на табелата, како и Ајнтрахт и Атлетик Билбао.
РЕЗУЛТАТИ
Ајнтрахт - Ференцварош 2-0
Елфсборг - Ница 1-0
Лацио - Сосиедад 3-1
Лудогорец - Митјиланд 0-2
Манчестер Јунајтед - Ренџерс 2-1
ПАОК - Славија 2-0
РФС - Ајакс 1-0
Унион - Брага 2-1