Ништо од Јувентус, Араухо го продолжи договорот со Барса до 2031 година!
Пред извесно време се појавија шпекулации дека Јувентус го посакува Араухо, но брзо стигна реакција од Барселона која успеа да го продолжи договорот со дефанзивецот.
„ФК Барселона и Роналд Араухо постигнаа согласност за продолжување на договорот на фудбалерот до 30 јуни 2031 година“, стои во соопштението на каталонскиот клуб.