Вујовиќ: Честитки за Лазаров и Македонија – им посакувам добар меч со Франција!
Поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар како голем џентлмен по средбата му честита на својот колега, Кирил Лазаров и му посака добра игра во последниот дуел против Франција.
„Честитки до Македонија и за мојот колега Лазаров. Македонците Тие беа подобар противник и заслужено победија. Ова натпреварување е премногу напорно за мојата стара репрезентација, повторно примивме многу голови. Се обидовме со најразлични начини, ја променивме одбраната, но не успеавме. За нас ова е завршена приказна, а на Македонија ѝ посакувам да игра добар меч со Франција“, изјави Вујовиќ на прес-конференцијата по натпреварот.
Македонија против „Галските петли“ ќе се „пресмета“ в сабота од 20.30 часот.