Адејеми ќе биде замената за Кварацхелија во Наполи, клубовите се на чекор до договор
Откако го продаде Кварацхелија на ПСЖ, Наполи најпрво тргна по Гарначо, откако виде дека не може да го купи, се префрли на Адејеми.
За разлика од Манчестер, со Дортмунд преговорите одат полесно, двете страни се на чекор до договор.
Ќе остане само одлуката на фудбалерот која се верува дека ќе биде позитивна со оглед на тоа што Наполи е лидер во Серија А, за разлика од Борусија која игра лоша сезона.