Пелистер го декласира Радовиш, Хаџиќ постигна 11 голови!
Победата на битолчани беше најавена уште во првото полувреме, кое им припадна на „зелено-белите“ со 22-11, додека во вториот дел продолжија да ја зголемуваат разликата до конечни +20 (47-27).
Најефикасен во победничкиот тим беше Алем Хаџиќ со 11 голови, додека Хакбарт постигна осум погодоци.