Бутел „покажа заби“, но Вардар остана перфектен!
„Црвено-црните“ ја контролираа играта во поголем дел од првото полувреме и имаа предност од плус четири (10-6), по што Бутел влезе во серија и набрзо направи пресврт (17-16). Сепак, Вардар се созема и на полувремето замина со 19-18.
Вардар во второто полувреме го засили темпото и почна да го полни голот на Бутел, па на крајот запиша триумф од 36-30 за деветта победа по ред во Суперлигата.
Боно постигна седум голови за Вардар, додека Михајловиќ со осум погодоци беше најефикасен кај Бутел.