Хаос во Црна Гора: Хулигани со стапови влегоа во терен, полицијата го прекина мечот (ВИДЕО)

Ужасни сцени се видени денеска за време на натпреварот од втората црногорска лига помеѓу Интернационал и Беране, кога група навивачи со стапови влегоа на теренот и го прекинаа натпреварот.

Бидејќи натпреварот се играше во Никшиќ, на стадионот на Челик, навивачите на Беране се судрија со фановите на Сутјеска. Сè започна со провокации на социјалните мрежи, но потоа „Војводите“ од Никшиќ (што е прекар на навивачите на Сутјеска) го искористија фактот дека натпреварот се играше во нивниот град и ги нападнаа ги навивачите на Беране со стапови.

Хаос се случи пред почетокот на второто полувреме, кога „Војводите“ влегоа на теренот и се упатија кон делот за навивачи на Беране. Гостите, се разбира, не се повлекоа, па теренот набрзо беше покриен со ракети. Полицијата мораше да реагира и натпреварот беше прекинат половина час додека сè не се смири. Според информациите на социјалните мрежи, повеќето од навивачите на Беране не беа на стадионот кога избувна тепачката, па само околу десетина се соочија со навивачите на Никшиќ.

Натпреварот продолжи потоа и заврши без голови, а хулиганите кои ги предизвикаа немирите сè уште се бараат.