Наполи шампионски го реши Интер и го презема врвот во Серија А (ВИДЕО)

Италијанскиот шампион Наполи го доби дербито против Интер со 3-1 на стадионот „Диего Марадона“ во Неапол во осмото коло од Серија А.

Првиот гол беше постигнат во 33. минута од Кевин Де Брујне, кој стрелаше од пенал, но потоа се повреди и во солзи го напушти теренот.

Интер се закануваше, но не ги користеше своите шанси, па казната стигна преку Скот Мектоминеј во 54. минута (2-0), додека судбината на „нераѕурите“ ја запечати Андре Замбо Ангиса во 66. минута од средбата.

Македонскиот интернационалец Елиф Елмас доби шанса од клупата, односно влезе во игра во 82. минута од мечот.

Наполи по осум одиграни меча е лидер со 18 бодови во Серија А, по што следи Милан со 17, додека Рома и Интер имаат по 15 поени.