Алкалоид го прегази Пелистер 2, Струга загуби од Пролет

Ракометарите на Алкалоид триумфираа со убедливи 37-25 против Пелистер 2, додека Пролет славеше на гостувањето кај Струга со 38-29 во деветтото коло од Суперлигата.

Пелистер 2 даваше отпор во воведниот дел од мечот, но потоа екипата од Автокоманда ги презема работите во свои раце и на полувремето замина со високи 20-11.

Алкалоид ја контролираше играта и во второто полувреме, при што дополнително го зголеми водството до конечни 37-25.

Најефикасен во победничкиот тим беше Мартин Серафимов со осум голови, додека Ненад Костески запиша седум погодоци.

Пролет беше одличен на гости кај Струга и го доби првото полувреме со 19-12, а до крајот на мечот продолжи цврстата игра на скопскиот тим за на крајот да триумфира со 39-29.

Најефикасен во редовите на Пролет беше Палевски со 15 голови, додека Костов постигна седум погодоци за Струга.