Шок во Ѓорче Петров: Македонија ЃП преку ноќ продадена на непознат газда!
Фудбалерите на Македонија ЃП минатиот месец двапати имале тивок штрајк и имало најави дека нема да играат натпревари, меѓутоа спортскиот директор Александар Бајевски и тренерот Бобан Грнчаров успеале да ги убедат играчите да имаат повеќе трпение.
„Беше краток, но интензивен период. Од Втората лига без ниту еден играч го вративме клубот во Првата лига. Сега тимот е стабилен и силен. Мојата работа е завршена, а на крајот од денот, јас сум бизнисмен“, објави Асан.
Новиот сопственик на екипата од Ѓорче Петров треба да се појави за една недела, по што ќе бидат познати повеќе детали дали клубот ќе има стабилна или неизвесна иднина.
Македонија ЃП се наоѓа на седмото место по 10 одиграни кола со 13 бодови.