Тиквеш по продолжение го скрши Чаир за крај на црната серија

Тиквеш славеше против Чаир со 92-83 по едно продолжение во четвртото коло од кошаркарската Суперлига.

Екипата од Кавадарци ја доби првата четвртина со 19-15, а Чаир до полувреме успеа да намали на само два поени негатива (40-38).

Големата борба продолжи и во второто полувреме, каде што во регуларниот дел од мечот резултатот беше 76-76, па победникот се решаваше по продолжение.

Најефикасен во редовите на Тиквеш беше Андерсон со 25 поени, додека Билингсли постигна 23 поени за Чаир.