Чудна ситуација во Брентфорд: Се повреди главниот судија и беше заменет на полувреме
Домаќините поведоа уште во петтата минута преку Уатара, Шаде зголеми во последните моменти од основниот дел во првото полувреме, но во петтата минута од судиското продолжение Керкез постигна гол за Ливерпул и со водство на Брентфорд се замина на голем одмор. Имаше многу критики за главниот судија Сајмон Хупер затоа што покажа три минути продолжение, а се играа пет, но тоа е негова легитимна одлука.
Уште поинтересно беше меѓу двете полувремиња, а второто доцнеше околу 15 минути поради еден куриозитет. Хупер пријавил повреда на ногата, наводно истегнување на мускул, поради која не можеше да продолжи да суди и по паузата излезе како четврти судија. Натпреварот продолжи да го води Тим Робинсон кој претходно беше четврти судија.