Нема крај на кризата на Ливерпул - и Брентфорд се „омрси“ против шампионот (ВИДЕО)

Актуелниот шампион на Англија го доживеа четвртиот пораз во низа откако вечерва загуби на гостувањето кај Брентфорд со 2-3.

По девет одиграни натпревар, „црвените“ имаа биланс од пет победи и четири порази со тоа што сезоната ја почнаа со максимални 15 бода, а потоа загубија четири меча во низа, како последица на што во моментов се на шестата позиција, а утре нивниот пласман може дополнително да се влоши. Ваквите резултати се шокантни ако се знае дека Ливерпул во текот на летото на засилувања потроши околу половина милијарда евра.

Денешниот дебакл беше најавен уште во петтата минута кога Уатара искористи една мешаница во шеснаесетникот на Ливерпул и го отвори резултатот. На истекот на основниот дел од првото полувреме водството на Брентфорд го зголеми Шаде, но во петтата минута од судиското продолжение Керкез го врати Ливерпул го игра и најави бурно второ полувреме.

Standings provided by Sofascore

Сепак, гостите не успеаја да ја наметнат својата игра, а капак беше чудниот пенал што го доби Брентфорд во 60. минута кој во гол и водство со 3-1 го претвори Игор Тијаго. Салах во 89. минута повторно намали на еден гол негатива, Ливерпул потоа извршија инвазија на противничкиот шеснаесетник, но до израмнување не дојде.