Брајтон поразен на „Олд Трафорд: Манчестер јунајтед фати ритам во лигата (ВИДЕО)
„Ѓаволите“ со два гола во рок од 10 минути преку Куња и Касемиро поведоа со 2-0, а Брајтон не успеа да одговори до крајот на првото полувреме.
По само 15 минути игра во вториот дел, Мбеумо стрелаше за 3-0 по што стана јасно дека „ѓаволите“ ќе бидат многу блиску до нова победа.
Брајтон почна да се буди во завршницата од мечот, кога најпрво Велбек погоди за 1-3, а потоа стрелаше и Костулас за 2-3, што го однесе мечот во неизвесен финиш.
Мбеумо не дозволи Брајтон да се врати од „мртвите“ и со уште еден погодок во 96. минута ја потврди победата на Јунајтед.