Пцовки и навреди: Конте и Лаутаро удрија еден на друг (ВИДЕО)

Бурното дерби во Серија А, меѓу Интер и Наполи понуди не само добар фудбал, туку и војна меѓу актерите на теренот.

Во прв план беше судирот на тренерот на Наполи, Антонио Конте и капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез што се случи во второто полувреме, при водство на домаќините со 2-1. Почна Аргентинецот да гестикулира кон својот поранешен тренер, а оние кои можат да читаат од усни во италијанските и светските медиуми можеа да сфатат дека му порачува на Конте дека е кукавица, заедно со низа пцовки и навреди на кои трофејниот стручњак возврати со иста мера.

Интересно е тоа што од 2019 до 2021 година Конте и Лаутаро соработуваа во Интер, Аргентинецот во тие две години постигна вкупно 40 гола и 17 асистенции и имаше огромен придонес во освоената титула, под водство на сегашниот тренер на Наполи.