Две асистенции за Несторовски во триумфот на Славен Белупо над Вараждин
Несторовски запиша асистенција во 24. минута кога Шуто погоди за 1-0, додека истиот фудбалер во продолжение зголеми и на 2-0.
Мамиќ во 35. минута стрелаше за 1-2 и ја врати надежта кај Вараждин дека може да избегне пораз, меѓутоа Несторовски со нова асистенција во 58. минута до Јагушиќ помогна за конечни 3-1.
Освен Несторовски на теренот беа уште двајца македонски интернационалци, и тоа Леонард Жута кај Славен Белупо и Ване Јованов кај Вараждин.
Славен Белупо се наоѓа на четвртата позиција со 16 бодови, односно еден повеќе од Вараждин, додека Несторовски досега во шампионатот запиша еден гол и три асистенции.
Фото: Facebook/NK Slaven Belupo