Монако им се врати на победите: Салису му пресуди на Тулуз
Мохамед Салису во третата минута од натпреварот ја затресе мрежата на гостите, а до крајот на првото полувреме Монако имаше уште неколку шанси кои не ги искористи.
Тулуз беше подобар во продолжение од средбата, но „кнезовите“ успеаја да ја зачуваат предноста и да освојат три бодови.
Монако по девет одиграни меча се наоѓа на третата позиција со 17 бодови, додека пред себе ги има Марсеј со 18 и ПСЖ со 20 поени.