Мајорал го шокира Атлетик Билбао и го израдува Хетафе (ВИДЕО)

Хетафе славеше на тешкото гостување кај фаворитот Атлетик Билбао со 1-0 во 10. коло од шпанската Ла Лига.

Единствениот гол на мечот беше дело на Борха Мајорал, кој во 75. минута ја затресе мрежата на домаќините и донесе три бодови за Хетафе.

Хетафе се наоѓа на делба на осмата позиција со Атлетик Билбао, односно имаат по 14 бодови.