Зверев закажа финале против Синер на турнирот во Виена

Германскиот тенисер Александер Зверев по еден ипол час борба го елиминира Лоренцо Музети со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 7-5 од полуфиналето на турнирот во Виена.

Зверев ја искористи третата брејк-шанса во седмиот гем (4-3), по што сервираше без грешка за да го добие сетот за 6-4.

Двајцата тенисери играа подобро во вториот сет на свој сервис, а Зверев го скрши ривалот во 11. гем кога му го одзема сервисот и потоа сервираше за 7-5.

Германецот во финале на турнирот во Виена ќе се бори против Јаник Синер.

Фото: EPA