Де Брујне реализира пенал, па се повреди и почна да плаче (ВИДЕО)

Наполи поведе во дербито против Интер во 33. минута со голот на Кевин Де Брујне, но наместо момент за радост следеше неочекувана реакција од белгискиот фудбалер.

Де Брујне постигна гол од белата точка, но притоа се повреди и почна да плаче поради што тренерот на Наполи мораше да направи принудна замена.