Ристовски до Адеми: Брат, пријател и поддршка – беше пример и лидер во секој поглед! (ФОТО)

Aријан Адеми го напушти Динамо Загреб и кариерата ја продолжи во редовите на Ујпешт од Унгарија.

По заминувањето на Адеми со емотивна порака се огласи и Стефан Ристовски кој неодамна исто така го напушти Динамо.

„Во секој тим постои срце. Не мора секогаш најмногу да зборува, ниту најмногу да трча, но кога и да затреба – тоа чука најсилно. За нас, тоа си ти. Како капитен, не носиш само лента. Носиш одговорност, гордост и сила, а ти тоа го правеше со насмевка и храброст. Беше лидер кога победувавме, а уште повеќе кога губевме. Твојот збор мотивираше, твојата борба инспирираше, а твоето присуство ни даваше сигурност на сите нас. На терен секогаш беше пример , борбен, чесен, неуморен. Надвор од теренот: брат, пријател и поддршка. Во секој поглед, капитен каков што посакува секој тим, а ние имавме среќа што ти беше наш. Ти благодариме за секој дуел, за секоја крената глава, за секоја дадена поддржка. Ти благодариме што нè водеше – не само како фудбалер, туку како човек“, стои во пораката на Ристовски.