Масовна тепачка на фудбалски турнир во Нови Сад – полицијата реагирала со 15 возила!

Масовна тепачка меѓу гледачи се случила денеска на фудбалски турнир во Нови Сад, при што на теренот интервенирале дури 15 полициски возила.

Инцидентот се случил на стадионот „Индекс“ во овој српски град, каде се одржувал турнирот. Според информациите објавени од порталот „192.rs“, полицијата веднаш реагирала по дојавата за инцидентот, а засега нема официјални податоци за причината на тепачката, ниту кои се учесниците.

Неофицијално, нема потешко повредени лица, а повеќе детали за настанот сè уште не се познати.

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)