Македонскиот шампион декласиран од Копер на подготовките во Словенија!

Македонскиот првак Шкендија претрпе убедлив пораз на денешниот пријателски натпревар против Копер (0-4), одигран во рамките на подготовките во Словенија.

По минималната победа над романски Аргес (1-0) на првиот тест дуел, тимот од Тетово не успеа да се наметне во вториот контролен натпревар.

Копер го отвори резултатот уште во првото полувреме преку Суле, а потоа ја потврди доминацијата со уште три гола во второто полувреме.