Интер шокиран од Урава по само 11 минути игра (ВИДЕО)

Јапонскиот претставник Урава води со 1-0 по 11 минути игра на дуелот со актуелниот вицешампион на Европа, Интер, во второто коло од Светското клупско првенство.

Иако „нераѕурите“ имаат дури 89% посед на топка, Јапонците поентираа од својата прва посериозна акција на противничката половина.

Погоди Ватанабе откако претходно доби идеална топка од Канеко, а при голот ја протна низ нозете на еден фудбалер на Интер и голманот Сомер.