
Продолжува магичната серија на Алкараз – петти турнир по ред е во финале!
За него ова ќе биде петто финале по ред, откако претходно стигна до завршниот меч и на турнирите во Монте Карло, Барселона, Рим и Ролан Гарос. На Шпанецот во двата сета против Баутиста-Агут му беше доволен по еден брејк за да дојде до триумф. Алкараз во утрешното финале ќе се сретне со чешкиот тенисер Јиржи Лехечка, кој во првото полуфинале го победи домашниот фаворит Џек Дрејпер.
Победникот на турнирот ќе освои 471.755 евра, додека за поразениот финалист е предвидена награда од 253.790 евра.
ФОТО: EPA PHOTO