Покажавме „заби“, но Исланд беше подобар: Трет пораз за младинците во Полска

Македонската младинска репрезентација го претрпе и третиот пораз на Светското првенство во Полска откако денес Исланд беше подобар со 34-28.

Од почетните минути Исланд беше подобрата репрезентаицја на теенот и набрзо создаде разлика од два три-гола која ја одржуваше во првиот дел од полувремето. Водството на Исланд во последните десетина минути достигна и највисоки до тој момент шест гола разлика 11-5.

Сепак, во последните шест ипол минути Исланд влезе во криза и од 24-тата минута до крајот не постигна гол. Тој период нашите ракометари го искористија да намалат на само еден разлика (15-14).

Но, таа добра игра за жал не успеавме да ја продолжиме и во второто полувреме, кога Исланд многу брзо повторно дојде до повисока предност, а ние не успеавме повторно да е вратиме во натпреварот.

Најефикасен кај нас беше Димитар Узунчев со десет гола, додека за Исланд Елмас Ерлингсон постигна девет.

Македонија групната фаза од Светското првенство ја завршува со три порази откако претходно подобри од нас беа Романија и Фарски Острови. Во продолжение нашите ракометари ќе се борат за место од 17-тата до 32-тата позиција.