
Медведев по тричасовна „војна“ го преслуша Зверев за финале во Хале!
Мечот беше драматичен, исполнет со бројни пресврти и квалитетни поени. Во првиот сет и двајцата тенисери го чуваа својот сервис, па победникот се решаваше во тај-брејк. Таму Медведев експресно поведе со 5-0, по што Зверев не успеа да се врати во игра. Сличен почеток имаше и вториот сет – Русинот поведе со 2-0, но Германецот брзо се врати и изедначи. Во дванаесеттиот гем, Медведев имаше три меч-топки, но не ги искористи, што Зверев го казни со убедлив тај-брејк и го одведе натпреварот во решавачки трет сет.
Сепак, во последниот сет Медведев не дозволи нова неизвесност – брзо направи брејк и ја задржа предноста до самиот крај, обезбедувајќи си пласман во финалето. Тој во борбата за трофејот ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Александар Бублик и Карен Хачанов.
ФОТО: EPA PHOTO