Работнички се засили со централен дефанзивец на Шкупи!

Екипата на Работнички денеска и официјално го претстави Џелил Асани како нов член на тимот, само неколку недели пред настапот во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Станува збор за 29-годишен централен дефанзивец, кој потпиша договор на две години со скопскиот клуб. Асани пристигнува од редовите на Шкупи, а со своето искуство од домашната и меѓународната сцена се очекува да донесе дополнителна стабилност во последната линија на „романтичарите“.

Тој има настапувано за македонските клубови Влазрими, Металург и Шкендија, додека во странство играше за Влазнија и Билиш Балш од Албанија, Рудар Приједор и Младост Какањ во БиХ, Торпедо Жодино од Белорусија и американскиот тим Питсбург.

Работнички со ова ја засили одбраната во пресрет на двомечот со белорускиот тим Жодино закажан за 10 односно 17 јули.