Реал пак без својот најдобар стрелец - Мбапе остана во Мајами

Најдобриот стрелец на Реал оваа сезона Килијан Мбапе остана во базата на клубот во Мајами и нема да настапи ни на дуелот од второто коло на Светското клупско првенство, против Пачука.

Французинот не играше против Ал Хилал поради гастроентеритис, дури мораше да биде и хоспитализиран, а во моментов се рехабилитира со помош на докторскиот персонал. Информациите велат дека ќе биде многу тешко да ја врати физичката форма по ваква болест и дека не е исклучено воопшто да не игра на Светското првенство.

Ова значи дека во нападот повторно ќе биде 21-годишниот Гонзало кој ја искористи шансата од Чаби Алонсо и постигна гол на првиот натпревар. Реал против Пачука игра утре вечер од 21 часот, во Шарлот.