Црвена звезда подготвува сензационален трансфер – го сака голманот на Ајакс!

Екипата на Црвена звезда, е во напредни преговори за ангажман на нов голман – 33-годишниот Бразилец Матеус, кој минатата сезона настапуваше за холандскиот Ајакс како позајмен играч од португалската Брага.

Според „Меридијан спорт“, српскиот шампион е блиску до договор со искусниот чувар на мрежата, кој сезонава одигра 10 натпревари за тимот од Амстердам. Доколку преговорите завршат успешно, Звезда ќе мора да исплати обештетување на Брага, со оглед на тоа што Матеус има важечки договор со португалскиот клуб до јуни 2027 година.

Црвено-белите претходно покажаа интерес за неколку голмани, меѓу кои Марко Дмитровиќ, кој потпиша за Еспањол, Борис Радуновиќ и Мартин Видовшек. Сепак, изгледа дека Матеус ќе биде избраното решение на голманската позиција. Овој трансфер се разгледува и како можно решение во случај на заминување на моменталниот голман Омри Глазер, кој се наоѓа во Израел, земја зафатена со воен конфликт и неговиот статус засега е неизвесен.

ФОТО: X / Ajax