Норвешка ја „нокаутира“ Германија и се врати на светскиот трон!
Почетокот на мечот понуди возбудувања и израмнета игра до 4-4, по што Германија поведе со 7-5 и ја чуваше предноста до самиот финиш од полувремето кога Норвешка израмни на 11-11.
Норвежанките на одличен начин го отворија вториот дел и набрзо стигнаа до 15-12, по што Германија успеа само да израмни на 17-17 во еден момент, но немаше сила за ништо друго и на крајот титулата ѝ припадна на Норвешка.
Фото: EPA