Словенија остана без најголемата ѕвезда за натпреварот со Македонија!
Фудбалерот на Манчестер јунајтед ќе го пропушти овој репрезентативен прозорец поради повреда, а англискиот клуб потврди дека Шешко ќе мора да помине низ детални медицински прегледи. По нив ќе започне со индивидуална програма за рехабилитација.
Словенија во овој циклус ја очекуваат четири натпревари, два против Шкотска, како и дуелите со Македонија и Швајцарија. Во ниту еден од нив нема да настапи Шешко.
Според најавите, напаѓачот би требало да биде подготвен за клупските обврски на 10 октомври, кога Манчестер јунајтед ќе се соочи со Тотнем.
Натпреварот меѓу Словенија и Македонија ќе се одигра во Љубљана на 29 септември. Три дена претходно, македонската репрезентација на домашен терен ќе ја пречека Швајцарија.