Полицијата објави снимка од апсењето на Стерлинг (ВИДЕО)

Објавена е снимка од апсењето на поранешниот англиски репрезентативец Рахим Стерлинг, кој ја призна вината за опасно возење со своето Ламборгини.

Снимките што ги објави обвинителството го прикажуваат автомобилот на Стерлинг како неколкупати ја менува сообраќајната лента, пред да удри во заштитната ограда.

Полицијата потоа го запрела Стерлинг, а снимката од камерата на униформата на еден од полицајците го прикажува моментот на неговото апсење.

„Дај ми го телефонот. Не си играј игри. Ве апсам под сомнение дека сте возеле неспособни за управување поради алкохол или дрога, како и за опасно возење“, му зборува полицаецот на Стерлинг пред да му стави лисици.

Стерлинг пред судот во Бејзингстоук признал дека на 28 мај опасно го управувал својот „Ламборгини Урус“, пред да дојде до сообраќајната несреќа на автопатот М3 во јужна Англија. Во инцидентот не учествувало друго возило и немало повредени.

Триесет и едногодишниот фудбалер признал и дека поседувал шест патрони азотен оксид наменети за недозволено вдишување, како и дека не дал примерок што го побарала полицијата од него.

Во момент Стерлинг е без клупски ангажман, последниот го имаше во холандски Феенорд каде што не се задржа долго.