Aтлетико на уникатен начин му одговори на Мурињо (ВИДЕО)

Eден ден откако Жозе Мурињо по натпреварот против Атлетико се жалеше на судењето во поразот од 2-1, „јорганџиите“ му одговорија со видео на социјалните мрежи.

Во објавеното кратко видео се гледа како принтер печати фотографии од прес-конференцијата на која португалскиот стратег ги покажуваше спорните ситуации.

Исто така додадена е и порака: Стоп за притисокот врз судиите.