Кинеското „чудо од дете“ на 13 години исплива второ најдобро време во историјата на 200 метри! (ВИДЕО)

Кинеската 13-годишна пливачка Ју Зиди стигна до вториот златен медал на Азиските игри со победа на 200 метри мешано.

До златото Зиди стигна со време од 2:06.10 минути што е за само 40 стотинки побавно од светскиот рекорд на трикратната олимписка шампиока, Самер Мекинтош (2:05.70).

„Не сакам да бидам премногу самоуверена, ќе продолжам да тренирам и да работам“, скромно порача Зиди по победата.

Претходно таа стигна и до злато на 200 метри пепуратка, а исто така ја чека и настап на 400 метри мешано.