Ѓорческа елиминирана во првото коло во Анкара

Лина Ѓорческа го заврши настапот на ВТА 125 турнирот во Анкара во првото коло откако подобра од македонската претставничка беше Ксенија Зајцева со 2-1 (5-7, 6-3, 6-4) по два часа и осум минути борба.

Првиот сет Ѓорческа го доби со 1-0 со два брејка во шестиот гем за 4-2 и 12-тиот за 7-5 Во вториот сет Зајцева по 3-3 ги освои наредните три гема за израмнување.

Во третиот одлучувачки, противничката на Ѓорческа направи еден брејк и тој се покажа како доволен за конечна победа.