Словенија ја преслуша Србија, познати се сите четвртфинални парови на ЕП

Репрезентацијата на Словенија е последниот четвртфиналист на Европското првенство откако лесно се справи против Србија на дуелот во Торино.

Словенија ја имаше фаворитската улога пред натпреварот, меѓутоа никој не очекуваше дека Србија ќе биде толку немочна. Првиот Словенците го добија со 25-14, додека во вториот Србија освои еден помалку.

Рамноправен противник Србите беа само во третиот кој сепак исто така го доби Словенија со 25-22 за конечни 3-0.

По ова комплетирани се и сите четвртфинални парови.

Италија – Финска

Франција – Романија

Белгија – Словенија

Полска – Германија