Сестрата на Роналдо со емотивна порака: Пред светот да ти се восхитува, беше мое мало момче!
Авеиро објави стара фотографија, а притоа посочи дека е горда на тоа што го дал за татковината.
„Денес фудбалскиот свет се збогува од тебе во репрезентацијата на Португалија. Како твоја сестра, сакам да се вратам назад и да почувствувам гордост која не се опишува со зборови. Ги знам битките кои ги водеше, што ѝ даде на нашата земја и каков извонреден пат помина. Го промени текот на својата судбина и ја зема Португалија со себе. Оваа фотографија можеби не е со најдобар квалитет, но за мене има огромно значење. Секогаш ме потсетува дека пред да станеш Кристијано Роналдо на кого му се восхитува целиот свет, беше и засекогаш ќе останеш мој брат, моето мало момче. Те сакам и бескрајно сум горда на тебе“, напиша таа.