Шест полициски возила бркале босански репрезентативец во Англија! (ФОТО)

Фудбалерот на Њукасл и репрезентативец на Босна и Херцеговина, Амар Дедиќ е во центар на внимание поради голема полициска акција откако бил забележан со лак и стрела.

Загрижен граѓанин ја известил полицијата дека видел двајца мажи како се движат со лак и стрели во близина на езеро, а тоа веднаш го вклучило алармот кај полицијата.

По пријавата, на терен биле испратени најмалку шест полициски возила, а во акцијата наводно учествувале и вооружени полициски единици.

При претресот биле пронајдени и одземени лакот и стрелите, а двајцата мажи биле испрашани за нивните активности, по што полицијата утврдила дека оружјето било наменето за рекреативна употреба и нема опасност кон јавноста.

 

Фото: Facebook/Nogometni savez Bosne i Hercegovine