Страшна „бомба“ и еврогол на Алиоски (ВИДЕО)

Езѓан Алиоски ги воодушеви навивачите на својот тим, откако постигна прекрасен гол за Лугано во дуелот против Жалгирис Кауно од Конференциската лига.

Македонскиот репрезентативец се погрижи за зголемување на предноста на швајцарскиот состав во 24. минута, кога со извонреден удар ја испрати топката во мрежата за водство од 2-0.

По една одбиена топка, Алиоски се најде на работ од шеснаесетникот и без многу размислување упати силен и прецизен удар. Топката заврши зад грбот на противничкиот голман, откако претходно ја погоди пречката.