Шведска немаше милост: Грците доживеаја катастрофа пред мечот со Македонија

Ракометарите на Шведска остварија убедлива победа од 33-24 против Грција, додека Норвешка ја декласира Грузија со 40-23 во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2028 година.

Нашиот јужен сосед се распадна уште на почетокот, па Шведска стигна до предност од 7-3, а продолжи да ја контролира и во остатокот од полувремето за да слави со 18-13.

Грција во вториот дел се обидуваше да ја анулира негативата, но стигна само до „минус четири“ (20-24), по што Шведска со серија од 5-0 направи чекор кон победата (29-20). До крајот на средбата немаше многу возбудувања, па домаќинот оствари победа од 33-24.

Најефикасен во победничкиот тим беше Албин Лагергрен со седум голови, додека Теодорос Боскос запиша осум погодоци за Грција.

Норвешка одигра одличен натпревар против Грузија и постигна по 20 погодоци во двете полувремиња, за на крајот да слави со 40-23. Каспер Торсен Лиен постигна осум голови за победничкиот тим, додека Ерекле Арсенашвили запиша четири погодоци за противникот.

Фото: Facebook/Handbollslandslaget