Башкими остана без еден од најдобрите фудбалери!

Македонскиот прволигаш Башкими соопшти дека се разделил со еден од нивните најдобри фудбалери во досегашниот дел од сезоната, Луис Рибеиро.

Рибеиро и Башкими се разделиле со спогодбен договор, а причината се семејни околности на фудбалерот.

„Башкими 1947 му се заблагодарува на Луис Рибеиро за неговиот придонес и посветеност во периодот поминат во нашиот клуб. Му посакуваме многу успех во понатамошната фудбалска кариера и среќа во семејниот живот“, објавија од прволигашот.

Рибеиро оваа сезона настапи на 12 меча за Башкими во Првата лига, а притоа постигна два гола и четири асистенции.

Фото: ФК Башкими/Facebook