Гаштаров со Ц. Звезда до победа над Интер Ескалдес, Елмас и Аталанта до бод со Каират! (ВИДЕО)

Неколку македонски репрезентативци вечерва беа во акција во Конференциската лига. Елиф Елмас со Аталанта ремизира против Каират Алмати (1-1), додека Црвена Звезда со Матеј Гаштаров го нокаутира Интер Ескалдес (2-1), а Себастијан Ерера и Борац Бања Лука доживеаја пораз кај Мјалби со 0-2.

„Црвено-белите“ постигнаа гол во 32. минута преку Александар Катаи, но ВАР-технологијата го поништи поради прекршок. Само три минути подоцна истиот фудбалер доби црвен картон поради удар со лакт.

Мрежите мируваа до крајот на првото полувреме, по што и гостите добија црвен картон на стартот на вториот дел.

Интер Ескалдес, сепак, успеа да поведе преку Борха Арелано во 62. минута, меѓутоа Ц. Звезда го возврати ударот преку Владимир Лучиќ во 80. минута (1-1).

Ц. Звезда дојде до целиот плен на мечот со автоголот на Хавиер Дијаз во судиското надополнување (2-1).

Македонскиот репрезентативец Гаштаров го одигра целиот натпревар за српскиот фудбалски гигант.

Аталанта беше подобар противник на теренот од Каират Алмати, но гостите први стигнаа до водство преку Марк Гуал во 53. минута.

Екипата од Бергамо се врати во игра и израмни преку Никола Крстановиќ во 82. минута, по што се обиде да стигне и до пресврт, но не успеа и мораше да се задоволи со бод. На натпреварот заигра и Елмас од првата минута, а остана на теренот до последниот судиски свиреж.

Останати резултати:

Архус – Брага 0-0
КуПС – Гент 0-0
Линколн – Хајдук 1-0
Мидтјиланд – Ајакс 1-6
Мјалби – Борац Бања Лука 2-0
Тун – Хартс 3-1
Трабзонспор- Фрајбург 0-1

Фото: Facebook/FK Crvena zvezda