Голема победа на Србија и Раул: Вардарецот Воркапиќ го наполни голот на Естонија!

Ракометарите на Србија имаа победнички старт на квалификациите за Европското првенство (ЕП), откако вечерва ја надиграа Естонија со 39-18.

Избраниците на селекторот Раул Гонзалес беа ептен расположени во првото полувреме, па успеаја да постигнат дури 21 гол, а примија само девет погодоци (21-9).

Идентична беше ситуацијата и во второто полувреме, каде што Србија доминираше на теренот и стигна до убедлив триумф од 39-18. 

Најефикасен во победничкиот тим беше Вукашин Воркапиќ со седум голови, додека Денер Јанима запиша пет погодоци за Естонија.

Србија следниот натпревар го игра против Украина на 8 ноември.

Фото: Facebook/Srpski rukometni savez