Манчестер јунајтед почнал преговори со поранешниот француски селектор?
Според информациите на францускиот медиум „Footmercato“, раководството на клубот од „Олд Трафорд“ веќе стапило во контакт со Дешам, кој е еден од кандидатите за преземање на екипата.
Сепак, неговото евентуално доаѓање во Манчестер во моментов не е приоритет, пред сè поради нестабилната ситуација во клубот и незадоволството на навивачите од работата на раководството.
Позицијата на Мајкл Карик станува сè понеизвесна, и покрај неодамнешната победа против Рома, па челниците на Јунајтед разгледуваат повеќе можности за промена на тренерската позиција.
Покрај Дешам, на списокот на потенцијални кандидати се наоѓаат и Јулијан Нагелсман и Унаи Емери. Сепак, според информациите од Англија, Емери е блиску до продолжување на договорот со Астон Вила.
Дешам е без клупски ангажман по завршувањето на 14-годишниот мандат на селекторската позиција во француската репрезентација. Тој моментално ги разгледува можностите за продолжување на кариерата, но не ја исклучува ниту опцијата да почека до крајот на сезоната и летниот преоден рок пред да донесе конечна одлука. Неодамна неговото име се поврзуваше и со Јувентус како потенцијален наследник на Лучано Спалети.
Доколку се пресели на „Олд Трафорд“, за Дешам тоа би значело враќање во англискиот фудбал, каде што претходно настапуваше како играч за Челси во сезоната 1999/2000.