По 62 титули и 13 години соработка Ѓорческа се раздели со Лабудовиќ!
Разделбата ја потврди Лабудовиќ преку социјалните мрежи.
„Секое патување има своја крајна дестинација. По 13 и пол години, 62 титули на професионалната турнеја и патот од најниските турнири до главниот турнир на Вимблдон, сега можам гордо да кажам дека завршивме одлична работа. Испишавме историја за нашата земја. Беше најголемо задоволство да можам да работам со тебе како тенисерка, но пред сè со личност како тебе. Ти благодарам за сè, Лина“, објави Лабудовиќ.